НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА ШТО СЛУШААТ ПСИХОПАТИТЕ! Фановите на еден популарен музичар ќе се разочараат
Во истражување на музичкиот вкус на психопатите учествувале 200 луѓе, а истражувачите им пуштиле 260 песни од различни жанрови.
Спротивно од она што се прикажува во филмовите како „Пеколен портокал“ и „Кога јагнињата ќе стивнат“, психопатите всушност не ја сакаат класичната музика повеќе од другите луѓе, туку нешто сосем друго, според истражување спроведено од психолози од Универзитетот во Њујорк.
Во истражувањето учествувале 200 луѓе, а истражувачите им пуштиле 260 песни од различни жанрови. Луѓето со најмногу психопатски особини најмногу уживале во рап песните „No Diggity“ на бендот „Blackstreet“ и „Lose Yourself“ од Еминем, пишува Вајс.
Од друга страна, пак, оние кои најмногу уживале во песните „My Sharona“ на рок групата „The Knack“ и „Titanium“, во изведба на диџејот Дејвид Гета и пејачката Сија, покажале најмалку психопатски особини.
Психолозите истакнуваат дека резултатите се прелиминарни и засега не сакаат да откријат кои песни им ги пуштале на испитаниците.
Тие сепак имаат амбициозна цел – можеби да ги идентификуваат психопатите преку нивната омилена музика.
– Медиумите ги прикажуваат психопатите како убијци со секира и сериски убијци, но тие во стварноста не се толку очигледни како Џокерот од Бетмен. Психопатите би можеле да работат веднаш до вас и целосно да се вклопат во околината. Тие се како психолошка темна материја – изјави авторот на истражувањето Паскал Валиш.
Околу 1 отсто од општата популација спаѓа под описот на психопат.