НЕМА ДА ВИ ПРОСТАМ ШТО Ѝ ВОВЕДОВТЕ САНКЦИИ НА МАЈКА МИ! Кадиров бесен им се закани на Американците и на НАТО

Озлогласениот чеченски лидер, Рамзан Кадиров, упати директни закани до Американците и НАТО алијансата во најновото видео објавено на Телеграм.

2,275

Откако мајката на озлогласениот чеченски лидер се најде на „црната листа“ на САД, Рамзан Кадиров упати директни закани до Американците и НАТО алијансата во најновото видео објавено на Телеграм.

Видеото на Твитер го сподели заменик министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко.






„Отстранете ги брзо санкциите. Нема да ви простам што ѝ воведовте санкции на мајка ми. Ќе направам сѐ!“– наведува тој во снимката.

Герашченко во објавата приложи и дополнителни закани од Кадиров.

„Ова само ни ги одврзува рацете. Ако државите сами си ги озаконија таквите криминални методи, тогаш нема да бидеме ограничени со никакви граници. Грузија, Украина – сето тоа се американски проекти во постсоветскиот простор, а да не зборуваме за други конфликти во светот покренати од измислени причини. А, ако американските криминалци некаде се извлекле, во Русија нема да им помине“ – се закани Кадиров.

Чеченскиот водач упатува закана до „НАТО-украинските банди“ и до, како што ја нарекува, „американската гнасотија“

„Нека уживаат во за нас безболните санкции. Ќе продолжиме да им го кршиме грбот на НАТО-украинските банди. Можеме да одиме дури и до Елба, како што некогаш направи Висаитов во војната против нацистите. На Стејт департментот му е премногу удобно да го турка украинскиот народ до смрт додека се крие зад мирна демократија. Неопходно е да се разбие оваа американска гнасотија“ – вели Кадиров во објавата споделена од Герашченко.

Поврзани содржини