НЕМА ДА ВЕ ПЕЧЕ КАКО ДОСЕГА Утре ќе биде сончево, ама ветерот ќе ја спушти температурата

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а северниот ветер ќе биде особено изразен, со умерен до засилен интензитет. Температурата главниот град ќе се движи од 20 до 34 степени.

1,208

Во сабота нѐ очекува стабилно, но ветровито време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Денот ќе биде сончев со мала до умерена локална облачност, но ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на поедини места може да достигне и над 70 километри на час.

– Под влијание на засилен северен ветер, во текот на викендот ќе дојде до опаѓање на дневните температури за 4 до 6 степени во споредба со денешните. Иако времето ќе остане сончево, ќе биде значително посвежо – информираат од УХМР.






Минималните утрински температури ќе се движат од 11 степени во Маврово до 22 во Гевгелија, а максималните дневни од 25 во Маврово и 36 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а северниот ветер ќе биде особено изразен, со умерен до засилен интензитет. Температурата главниот град ќе се движи од 20 до 34 степени.

Надлежните апелираат до граѓаните да внимаваат при движење на отворено, особено во зони каде ветерот може да предизвика помали штети.

УХМР најавува дека од понеделник се очекува нов пораст на дневните температури, што ќе доведе до стабилизација и нормализација на временските услови низ целата земја.

Поврзани содржини