НЕМА ДА СЕ УКИНАТ КОВИД-МЕРКИТЕ Не било време за таков потег

Министерот за здравство вели дека се следи состојбата и доколку се исполнат критериумите ќе се реагира.

411

Сѐ  уште не сме подготвени за целосно укинување на мерките кои се воведоа како резултат на пандемијата со ковид-19, изјави првиот човекот на здравството во државата, министерот Беким Сали.

Тој рече дека ја  следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи сметаат дека уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување.






– Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците. Еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кој што се хоспитализираат. Според таа состојба, ние уште не сме спремни за намалување на мерките –  рече министерот Сали.

Тој истакна дека дел од ковид центрите во државата се затворени и дека нема потреба од дополнителни кревети.

Поврзани содржини