„НЕМА ДА СЕ ТОЛЕРИРА ПОЛИТИЧКО МЕШАЊЕ ВО СУДСТВОТО“ Ниту Артан Груби не е над законот, се огласи Агелер

САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок, истакна амбасадорката Агелер.

1,292

Политичкото мешање во судството не може, и нема да се толерира, напиша во официјален статус амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, по објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на „црната листа“ на Стејт департментот.

– Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може, и нема да се толерира. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок – истакна амбасадорката Агелер.

 






Поврзани содржини