НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД НАШАТА БЛАГОРОДНА МИСИЈА Вашите закани и уцени не ни можат ништо, велат од ДУИ

Нема да нѐ одвратат вашите кампањи оркестрирани со клевети и закани, но ве предупредуваме и да се подготвите да се соочите со вашите скандали кои не престануваат веќе 1 месец владеење, велат од ДУИ.

545

По сериозните закани и насилни пораки упатени до пратениците на ДУИ, кои не само што се закана за нашите членови, туку и директен напад врз вредностите и демократските институции на нашата земја, ги повикуваме меѓународниот фактор, медиумите, граѓанското општество да бидат будни за овој случај, како сигнал за почетокот на рушењето на демократскиот поредок во државата, соопшти партијата на Али Ахмети.

„Овие инциденти го покажуваат високото ниво на нетрпеливост и омраза што се шири низ нашето општество и тоа треба да биде осудено од сите. ВМРО-ДПМНЕ заедно со нивните вазали собрани во губитничката коалиција ВЛЕН откако го украдоа легитимитетот на албанците, го нарушија албанскиот гласач, се чини дека тоа не им е доволно и решија да се обидат да влеат страв кај гласачот на ДУИ измислуваат теми и клевети од најразновидните организирани и добро осмислени. Ги повикуваме надлежните институции да ги истражат овие инциденти и да ги изведат пред правдата сите одговорни за оваа мрачна, антидемократска и незаконска кампања. Но, ги известуваме вазалите, губитниците на изборите, предаторите на легитимитетот на Албанците, коалицијата ВЛЕН, дека ДУИ, заедно со сите свои членови, не се плаши и никогаш нема да се предаде, како што никогаш не се предала од благородната мисија да го зачува достоинството на секој албански гласач и демократскиот поредок во земјата“, се вели во соопштението.






Нема да нѐ одвратат вашите кампањи оркестрирани со клевети и закани, но ве предупредуваме и да се подготвите да се соочите со вашите скандали кои не престануваат веќе 1 месец владеење, додаваат од ДУИ.

Поврзани содржини