НЕМА ДА ПОДНЕСАМ ОСТАВКА Според Тупанчевски, тој не го прекршил кодексот
Министерот во емисијата Трилинг на Горазд Чомовски рече дека антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а тој ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба.
Министерот за правда Никола Тупанчевски вели дека не чувствува потреба дека треба да поднесе оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што патувал и го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија.
– Патувањето не беше во рамките на моите службени должности. Точно е дека летав со авионот на фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив – вели Тупанчевски во интервју за Трилинг.
Тој додава дека антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а тој ќе ги приложи сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба.