Општина Центар го раскина договорот за поставување на таканаречена „барокна сендвичара“ пред Собранието на РСМ, напиша градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на својот профил на Фејсбук.
„Со преземањето на предметите од Министерството за транспорт и врски кон крајот на 2018-та година, во своја надлежност ги презема и предметите за барокните сендвичари. Една од нив беше предвидена да никне на несоодветна локација, односно веднаш до Собранието. Ги преземавме сите неопходни мерки за постапување и така, на 6.8.2020 се активира банкарската гаранција на купувачот на земјиштето, со што и формално започна процедурата за раскинување на договорот на тоа градежно земјиште.
Ја известувам јавноста дека како за овој, така и за сите исти или слични предмети, општината ќе реагира соодветно, користејќи ги сите правни средства и мерки кои ги има на располагање“, напиша Богдановиќ.