НЕМА ДА НИКНАТ 99 ЗГРАДИ ВО РАСАДНИК Ѓорѓиевски го стопираше планот

Заклучно со февруари 2022 година ќе биде објавен меѓународен конкурс за изработка на идејно решение за ДУП Расадник, по што најдоброто решение ќе го изберат граѓаните на Расадник. По изборот на идејното решение, ќе се пристапи кон изработка на новиот Детален Урбанистички план за Расадник, нагласи Ѓорѓиевски.

666

Стопиран е урбанистичкиот план за Расадник каде требало да никнат 99 згади и тој за Црниче во општина Кисела Вода, информираше новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека дури 34 од 53-те важечки планови одново ќе се ревидираат, пишува Фокус. За делот кај Расадник ќе се објави меѓународен конкурс за ново идејно решение, а увид за сите измени ќе имаат граѓаните на општината на јавна презентација веднаш по празниците.

– Заклучно со февруари 2022 година ќе биде објавен меѓународен конкурс за изработка на идејно решение за ДУП Расадник, по што најдоброто решение ќе го изберат граѓаните на Расадник. По изборот на идејното решение, ќе се пристапи кон изработка на новиот Детален Урбанистички план за Расадник – нагласи Ѓорѓиевски.






Граѓаните на Кисела Вода имаат можат да пристапат на веб-страницата на општината и да направат увид во секој план, можат да направат увид во сопствената градежна парцела и да проверат што на тоа место е предвидено да се гради.

– Кисела Вода мора да биде општина каде што граѓаните ќе одлучуваат за Урбанистичките планови, а не урбаната мафија која, за да ја запреме, потребна ми е и вашата помош. Ве повикувам сите да направите увид во Урбанистичките планови и сите ваши забелешки, сугестии и предлози за измени, дополнувања или укинувања на цели, или делови од плановите да ни ги доставите во рок од 30 дена. Образецот на кој може да ги наведете вашите предлози е достапен на веб-страницата, како и во архивата на општината. Пополнетиот образец може да ни го доставите на [email protected], или во архивата во седиштето на општината. Сите поднесени барања ќе бидат разгледани од Комисијата за Урбанизам на Општина Кисела Вода, како и од Партиципативното тело на граѓаните на Кисела Вода и по истите ќе се поведат конкретни постапки согласно законските прописи – истакна Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини