НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНИЈА Петрушевски вели дека се одмотува клопчето за заплената на канабис

Дополнително, посочи пратеникот, Зоран Заев треба да одговори на македонската јавност, затоа што имаше јавни сведоштва за тоа како гради зграда 40 Катница во Дубаи и она коешто треба да го каже, е дали и тој како, актуелниот лидер на СДСМ Венко Филипче ќе оперира, па затоа добил златна виза за Дубаи.

418

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција објави дека нема ниту намера ниту потреба да му се извини на екс-лидерот на СДСМ Зоран Заев, во врска со наводите за заплена на канабис во Струмичко, туку дека напротив очекува Заев да ѝ се извини на македонската јавност, за сите милионски криминали што ги има правено и да се извини за сите национални предавства и понижувања.

– Апсолутно немам намера, ниту чувствувам потреба да му се извинам на Зоран Заев. Напротив, очекувам Зоран Заев да ѝ се извини на целокупната македонска јавност за сите милионски криминали коишто ги има правено и да се извини за сите национални предавства и понижувања. Она што е индикативно во неговото излегување во јавноста е тоа што, иако демонтира и вели дека немал никаква врска со овој случај со марихуана, сепак во тоа негово писание, кажува дека ова било режирана драма и дека запленетата марихуана била наводно запленета заради несоодветно чување и складирање, со што директно се става во одбрана на оние коишто се осомничени во овој случај – рече тој.






Дополнително, посочи пратеникот, Зоран Заев треба да одговори на македонската јавност, затоа што имаше јавни сведоштва за тоа како гради зграда 40 Катница во Дубаи и она коешто треба да го каже, е дали и тој како, актуелниот лидер на СДСМ Венко Филипче ќе оперира, па затоа добил златна виза за Дубаи.

– Оваа нервоза на Зоран Заев е само доказ дека клопчето се размотува, дека обрачот околу Заеви се стега и дека наскоро ќе има правда во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со борбата против криминалот и корупцијата во Македонија – вели Петрушевски.

Во изминатите денови во обмена полициска акција беа запленети над 40 тони марихуана. МВР објави дека од фирмата „ЦБД Медплант“ од Босилово, Ново Село, се запленети 21 тон марихуана.

Како формален сопственик на компанијата во документацијата се јавува Христијан Котев, но според информации до кои дојде редакцијата, реалната контрола над фирмата ја има неговиот татко, Тони Коцев, со прекар М`гчев. Тони Коцев е поранешен председател на огранокот на СДСМ во Ново Село и има многу бизнис релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер, Зоран Заев.

Претходно eкс-лидерот на СДСМ објави дека доколку не добие извинување ќе ги тужи ВМРО-ДПМНЕ и Бране Петрушевски, кои, како што вели 5 години изнесува клевети против него во врска со заплената на канабис, во врска со наводите дека се јавувал во царина, во врска со наводните 40-катници во Дубаи и во врска со болницата на д-р Жан Митрев.

 

ЗАЕВ СЕ ЈАВИ ВО ОДБРАНА, ДАЛИ СТАНУВА КЛАУСТРОФОБИЧЕН? Од ВМРО-ДПМНЕ му одговорија на екс-лидерот на СДСМ

 

Поврзани содржини