Нема да може да се подигаат пари од банкомат со државната платежна картичка

Потребните документи за латежните картички се подготвуваат.

1,001

Од платежните  картичките добиени од мерките на владата граѓаните  нема да можат да подигнат пари на банкоматите, туку само ќе може да платат услуга или производ во продажен или услужен објект во  земјата, соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

ангеловска рече дека изгледот и употребата на платежните картички се подготвуваат и ќе биде донесена посебна Уредба.






–  Моментално се работи на подготовка на начинот на изработка на овие картички заедно со банкарската асоцијација. Процедурите се во подготовка како и Уредбата која треба да биде сеопфатна – информира  рече Ангеловска на денешната прес-конференција..

За оваа мерка се одобрени 25 милиони евра кои ќе бидат насочени кон граѓаните.

Ангеловска рече дека Уредбите за  мерките од тертиот пакет за подршка на граѓаните оперативно се работатат и ќе бидат донесени следната недела.

– Аплицирањето ќе биде најлесно и едноставно – рече  Ангеловска.

Таа рече дека веќе имаат прелиминарна листа на граѓани на кои треба да им се дадат ваучерите и платежните картички, а граѓаните ќе можат преку платформа на Министерството за информатичко општество да проверат дали им следува некоја од мерките.

Граѓаните платежните картички ќе ги добијат најдоцна до јули, но ваучерите ќе можат да ги користат до крајот на годината.

Поврзани содржини