НЕМА ДА ИМА РЕСТРИКЦИИ НА СТРУЈАТА Ковачевски ги потврди одлуките на РКЕ

Се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела, а рестрикции нема да има. Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, напиша Ковачевски на Фејсбук.

377

Брзата реакција на Владата и мобилизирањето на сите производители на струја биле клучни да не се случи ценовен шок, напиша вечерва на својот Фејсбук-профил лидерот на СДСМ и мандатар за нова Влада, Димитар Ковачевски, потврдувајќи уште еднаш дека нема да има рестрикции на струјата, а ќе се укине само дневната евтина тарифа од 2 до 4 часот попладне.

„Покачувањето на цената на електрична енергија за следната година ќе биде 9,48 проценти, што е далеку под првичните прогнози од преку 25 отсто. Се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела, а рестрикции нема да има. Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година“, објави Ковачевски.

Поврзани содржини