НЕМА ДА ИМА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Единствена промена ќе претрпи Министерството за локална самоуправа

Единствена промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа кој треба да дојде на местото на Горан Милевски кој се повлече од функцијата, информираше СДСМ.

392

СДСМ ги демантира написите во одредени медиуми за наводна реконструкција на Владата. Ниту партиското раководство, ниту највисоките партиски органи, досега воопшто не разговарале за реконструкција на Владата, се вели во соопштението на владејачката партија.

„Единствена промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа кој треба да дојде на местото на Горан Милевски кој се повлече од функцијата. Наводите дека ќе се менуваат министри од редовите на СДСМ се свесни манипулации кои доаѓаат од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во обид да ја дефокусира јавноста од своите внатрепартиски проблеми, како и мега скандалот со тендерот од 136 милиони евра во Град Скопје. Владата предводена од СДСМ останува фокусирана на менаџирање со економската и енергетската криза, како и креирање нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството“, наведено е во соопштението.






Инаку, поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов вчера за порталот 360 Степени ја потврдил информацијата дека ќе седне на министерската фотелја што му ја отстапи досегашниот министер за локална самоуправа Горан Милевски.

Поврзани содржини