НЕМА ДА ИМА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО БУДИМПЕШТА Орбан тешко се пишмани

Унгарскиот премиер Виктор Орбан уште во февруари им порача на организаторите на Парадата на гордоста да не мачат да организираат парада во Будимпешта годинава. 

282

Унгарската полиција денеска ја забрани планираната Парада на гордоста во Будимпешта на 28 јуни, и покрај тоа што градоначалникот изјави дека парадата не е јавен настан, за кој не се потребни државни дозволи.

Парламентот на Унгарија во март усвои Закон, според кој полицијата има овластување да ги забрани настаните организирани од ЛГБТ заедницата,






Градоначалник на Будимпешта, Гергеји Карачон се обидува да го заобиколи Законот наведувајќи дека Парадата на гордоста ќе биде општински настан, за што „не се потребни дозволи од властите“.

Главниот град ќе биде домаќин на празникот на слободата „Будимпешта гордост“ (Budapest Pride) на 28 јуни, денот на унгарската слобода, како општински настан. Точка, објави Карачон на Фејсбук.

На настанот се очекува да присуствуваат десетици илјади луѓе.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан уште во февруари им порача на организаторите на Парадата на гордоста да не мачат да организираат парада во Будимпешта годинава.

Поврзани содржини