Нема да има Евровизија, но во доба на пандемијата имаат алтернативно решение

486

Наместо откажаниот Евросонг, алтернативно телевизиско шоу сака да ја обедини Европа во времето на пандемијата на коронавирусот на денот кога требаше да се одржи големото финале.

Програмата „Europe Shine a Light“ заснована на победничката песна на Британија во 1997 година ќе се емитува низ цела Европа на 16 мај во 19:00 часот по средноевропско време, објави Европската телевизиска унија (ЕБУ) на своите интернет страници.






Шоуто е снимено без публика, а е во продукција на холандските телевизиски станици кои требаше да го продуцираат откажаниот натпревар. Финалето на Евросонг беше закажано за 16 мај во Ротердам, но беше откажано поради кризата со коронавирусот.

– Ги покануваме сите телевизии што требаше да учествуваат на натпреварот за песна на Европа, членовите на ЕБУ и другите земји да ја емитуваат оваа програма во духот на единството и заедништвото – рекол директорот на натпреварот Jон Ола Санд.

Четириесет и еден изведувач, 40 од Европа и еден од Австралија кои требаше да настапат во Ротердам, ќе испеат некој претходен евровизиски хит, но секој во својата земја. Според ЕБУ, телевизиското шоу ќе го водат тројца холандски водители кои требаше да го водат оригиналниот натпревар.

 

Поврзани содржини