НЕМА ДА ИМА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА Владата е подготвена и работи тоа да не се случи

Премиерот потенцираше дека и при неодамнешниот ремонт на гасоводот во земјава имаше гас, односно топланите работеа.

128

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкциите од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи.

Тој потенцираше дека и при неодамнешниот ремонт на гасоводот во земјава имаше гас, односно топланите работеа.






– Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го антиципиравме и заедно работиме со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа. Знаете имаше и ремонтни активности на гасоводот што ги потпишала претходната влада во заминување па не останавме без гас, односно топланите работеа. Сите овие работи се тековно работење на Владата. Не треба да ја оптоваруваме јавноста со такви ситници и нема да има такво нешто – изјави Мицкоски.

Мицкоски придружуван од министерот за здравство Азир Алиу денеска беше во посета на ГОБ „8 Септември“, каде што беше промовирана нова опрема- хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и третман на спортисти.

Поврзани содржини