НЕМА ДА ИМА ДАНОК ЗА НЕМАЖЕНИ И ЗА НЕЖЕНЕТИ Мицкоски загрижен поради „белата чума“ во Македонија

Премиерот денеска се извини поради тоа што неговата иницијатива за развивање на свесноста дека Македонија се соочува со демографска криза е погрешно протолкувана.

1,029

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана.

– Се извинувам на тие што погрешно ја продолкувале мојата иницијатива. Факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во државата. И факт е дека како претседател на владата, моја е одговорноста да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина, затоа што јас сум претседател на владата кој што исклучително длабоко се занимава со демографијата и демографските движења. Она кое што можам да го заклучам е дека ние тивко исчезнуваме и изумираме – истакна Мицкоски.






Тој нагласи дека како премиер чувствува одговорност да зборува за демографските предизвици, потенцирајќи дека бројките се алармантни. „Во 2016 година имавме 23.000 новородени, а во 2024 само 16.000 – тоа е пад од 30%. Кај браковите, од 13.300 во 2021, бројката во 2024 падна на 11.100, што е намалување од 17%“, посочи Мицкоски.

Според него, овие трендови не треба да се игнорираат, бидејќи населението „тивко исчезнува и тоа премолчено“.

Поврзани содржини