НЕМА ДА ГО ВИДИШ ВЕЌЕ ДЕТЕТО, НЕ ТИ ГО ДАВАМ! Искрено, зошто сакате да го оддалечите своето дете од другиот родител?
Родителот кој го отуѓува детето од другиот родител манипулира со него и на тој начин психички го малтретира. Таквото дете е ставено во екстремен конфликт на лојалност, што на крајот резултира со нешто што одамна е препознаено на полето на менталното здравје, а го нарекуваме „splitting“ (поделба). Станува збор за когнитивнa дисторзија која е поврзана со подоцнежен развој на значајни и сериозни проблеми со менталното здравје.
Денес (25 април), на светскиот ден за борба против родителското отуѓување, кога во Домот на АРМ беше промовирана и првата книга на македонски јазик (Отуѓување) и од македонски автор (Ѓорѓи Мешков) која се занимава со оваа тема, ние само се прашуваме зошто некои луѓе го прават тоа?!
Зошто сакаат да го одалечат детето од другиот родител кој можеби повеќе не ги сака нив или пак тие повеќе не го сакаат него, но и двајцата си го сакаат заедничкото дете?
Дали навистина не им е жал да го убедуваат своето дете дека другиот родител не го сака? Дали навистина мислат дека го прават тоа за доброто на своето дете? Или го прават сепак за себе?
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.