НЕМА ДА ГО СЛАВИМЕ РОДЕНДЕНОТ НА ТРАМП, ТВРДИ АРМИЈАТА Парада со 7.000 војници за 250 години од воените сили на САД
Спектаклот ќе го збогатат 7.000 војници, 370 возила и 70 воени авиони, а „Златните витези“ ќе се спуштат со падобрани носејќи преклопено знаме кое ќе му го предадат на претседателот.
Американската војска подготвува голема парада по повод 250-годишнината од формирањето на армијата, која ќе се одржи на 14 јуни во Вашингтон – истовремено и денот кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе го прослави својот 79-ти роденден. Но, официјалните лица велат дека немаат намера роденденот на Трамп да биде дел од официјалната агенда.
– Возбудени сме што врховниот командант е заинтересиран за 250-годишнината од војската и што ќе сака да ја види, но не планираме да го одбележиме неговиот роденден. Се фокусираме исклучиво на прославата на армијата – изјави портпаролот Стив Ворен.
И покрај тоа, Трамп ќе има голема улога во настанот: ќе го следи маршот од Белата куќа, ќе одржи говор и ќе учествува на церемонијата за регрутирање. Спектаклот ќе го збогатат 7.000 војници, 370 возила и 70 воени авиони, а „Златните витези“ ќе се спуштат со падобрани носејќи преклопено знаме кое ќе му го предадат на претседателот.
Парадата, која не беше дел од оригиналниот план, е додадена годинава, предизвикувајќи критики дека Трамп го „киднапирал“ настанот во пресрет на изборната кампања. Настанот се смета и за своевидна проба за „Америка 250“, големата национална прослава што се подготвува за следната година.