НЕМА ДА ГИ ЗЛОУПОТРЕБИМЕ ЧИСТИТЕ ПРИСТАНИШТА ВО ЦРНОТО МОРЕ Шојгу посочи дека Русија ќе се придржува до договорот за житото

Додека Москва се обврзува дека ќе го почитува договорот, Киев најавува можен воен одговор при неговото прекршување. Украина го потпиша договорот за житото на посебен документ, само со Турција и со ОН. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од друга страна се надева на брз мир во Украина и ели дека овој договор ќе спаси милијарди луѓе од глад.

542

„Нема да го искористиме фактот што пристаништата ќе бидат исчистени (од мини) и отворени. Ја презедовме ова обврска“.

Вака посочи рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу по потпишувањето на договорот со кој украинското жито ќе може да биде извезувано во светот, сопирајќи можна светска криза за глад.






– Овој Договор би можел да биде пресвртница што ќе ја оживее надежта за мир – истакна турскиот претседал Реџеп Таип Ердоган и додаде дека со тоа ќе се спасат милијарди луѓе. Ергодан се надева и за брз мир во војната во Украина.

Претходно Европската Унија го поздрави Договорот за извоз на украинското жито, што денеска беше потпишан во Истанбул, оценувајќи го како „критичен чекор напред“.ЕУ ја поздрави и улогата на медијатор на Турција во овој спор како важна поддршка за применување на Договорот.

ЕУ најави дека ќе продолжи да ѝпомага на Украина да го извезува своето жито на глобалниот пазар најбрзо што може, само во јуни, преку ЕУ, е обезбеден извоз на 2,5 милиони тони од Украина, а до 2024 ЕУ ќе мобилизира 7,7 милијарди евра за оваа цел, во соработка со Обединетите Нации и со Г-7.

Последниот пакет санкции против Русија на ЕУ исто така предвидува изземање на земјоделските производи.

Поврзани содржини