НЕМА ДА Е КРАЈ НА СВЕТОТ АКО АРТАН, БУЈАР И БЕСИМИ ЈА ЗАВРШАТ КАРИЕРАТА Муса Џафери ги критикуваше сопартијците од ДУИ

Што прават овие министри? Да немаме илузии дека министрите од ДУИ ја ставиле Македонија во НАТО. Не сме во 1948 или во педесеттите години и да се залажуваме дека нашето влијание наводно ги убедило Макрон и бугарската влада за договор. За среќа, се направи договор, но имаме и практична работа, вели Џафери и додава дека „не знам зошто е крај на светот ако може да се реконструираат Артан, Бујар или Фатмир Бесими, мојот колега“.

885

Муса Џафери во емисијата „200“ на Алсат не ги поштеди своите сопартијци од ДУИ од критики. Тој дури и рече дека на 29 октомври нема да биде трагично ако некои од министрите се заминат и имамре реконструкција. Тој вели дека во ДУИ не сакаат да имаат позитивна конкуренција и дека попрво би ја „повториле годината“ во истиот состав.

– Јас сам бев министер и ако се повтори оваа генерација, тоа ќе биде предност и за ДУИ и за Албанците затоа што не сакаат да се конфронтираат за да имаат позитивна конкуренција, туку го слушнаа првиот што ги насочил со стап – рече Муса Џафери од ДУИ.






– Мислите на г. Груби?

– Да.

Џафери заговара реконструкција бидејќи министрите од ДУИ предводени од вицепремиеро Артан Груби не дале резултати.

– Треба да има реконструкција, не е многу трагично. Сите ние што сме избрани за министри сме сменети во различни ситуации, тоа е многу практично и здраво. Тие што мислат дека може да им биде направена неправда, се создало мислење дека не е успешен и не го сакаат гласачите и структурите, може да работи за партијата и да се врати. Не знам зошто е крај на светот ако може да се реконструираат Артан, Бујар или Фатмир Бесими, мојот колега – вели Џафери.

Џафери дури ги критикуваше своите сопартијци за неправедно присвојување на заслугите, како што е членството во НАТО, додека практичните работи ги оставиле незавршени.

– Што прават овие министри? Да немаме илузии дека министрите од ДУИ ја ставиле Македонија во НАТО. Не сме во 1948 или во педесеттите години и да се залажуваме дека нашето влијание наводно ги убедило Макрон и бугарската влада за договор. За среќа, се направи договор, но имаме и практична работа – вели Џафери.

На критиките на Џафер одговори само министерот за економија Крешник Бектеши кој рече дека на состанокот на Централното претседателство се ќе се каже за успесите и неуспесите на министрите на ДУИ.

– Што се однесува до извештајот и за тоа што се случило за реализацијата на капиталните инвестиции, за тоа ќе се реферира на Централното раководство и секојдневно секој функционер на ДУИ ја информира јавноста колку се реализирани инвестициите во различни области – рече Бектеши.

Ниту еден од другите министри од ДУИ, вклучително и првиот вицепремиер, не ги коментираше критиките и обвинувањата на Џафери кој смета дека се причина за поразот на ДУИ во Тетово, покрај несредувањето на градскиот стадион и градската болница. Џафери во својство на член на Надзорниот совет на ДУИ го истакна неспроведувањето на Законот за употреба на албанскиот јазик во владините комисии и доцнењето со изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

За обвинувањата на „Огнената група“ против Груби и тврдењата дека тој може да го заземе местото на Али Ахмети, Муса Џафери рече дека Ахмети никогаш нема да му дозволи такво нешто на првиот вицепремиер.

– Не може Артан Груби да го брани местото на Али Ахмети ако се обидува некој да го заземе, најмалку тој може да биде заштита – за ова немам никаква дилема – вели Муса Џафери.

Поврзани содржини