НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ УЧЕНИЦИТЕ ДА НАЗАДУВААТ Кондовски ветува бесплатен интернет во секое битолско училиште

Ветувам бесплатен интернет во секое училиште, во градот и во секое село на територијата на Општина Битола, рече Христо Кондовски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ.

1,268

Сите ученици во сите училишта треба да имаат пристап до платформите за учење на интернет. Само така ќе обезбедиме квалитетно образование и поеднакви услови за школување и развој на секое дете, рече Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Општина Битола.

– Руралните средини не смеат да бидат запоставени. И децата во училиштата во руралните средини мора да имаат пристап до интернет. Затоа ветувам бесплатен интернет во секое училиште во градот и во секое село на територијата на Општина Битола. Ова е особено важно кога ќе се земе во предвид дека поради пандемијата на ковид-19 многу деца беа принудени да учат на далечина, на интернет. Не смееме да дозволиме да назадуваат затоа што немаат интернет. Нашата заложба за бесплатен интернет во секое училиште во Општина Битола е придонес за квалитетно образование на сите деца – рече Кондовски.

Поврзани содржини