НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ГАЗИ БАБА ДА СТАНЕ ДИВА ДЕПОНИЈА! Стефковски ѝ се налути на Данела, сам ќе го чисти ѓубрето

Градоначалникот во објавата на фејсбук сподели фотографиите за моменталната состојба за кои вели дека се доказ дека револтот на граѓаните е оправдан.

167

Поради нефункционалноста на ЈП Комунална хигиена на повеќе локации низ општина Гази Баба околу контејнерите за смет се направени диви депонии, информираше градоначалникот Бобан Стефковски.

„Со оглед на тоа дека ваквата состојба трае веќе неколку недели, а ЈП Комунална хигиена не постапува за подигање на комуналниот смет, утрово го задолжив директорот на ЈКП Гази Баба веднаш да излезат на терен и да се собере целиот комунален отпад кој се наоѓа околу контејнерите за смет. Нема да дозволам поради нечија неспособност, општина Гази Баба да прерасне во дива депонија“, напиша Стефковски.






Тој во објавата на фејсбук сподели фотографиите за моменталната состојба за кои вели дека се доказ дека револтот на граѓаните е оправдан.

„Ние постапуваме во интерес на граѓаните со цел да спречиме ширење на зарази, неподнослив мирис и слично. Јавно апелирам и барам, ЈП Комунална хигиена да го почитува утврдениот распоред за подигање на комуналниот смет од улиците!“, пишува градоначалникот.

Поврзани содржини