НЕМА ДА БИДАМ АДВОКАТ НА КОМУНИЗМОТ Османи не сака да ги коментира изјавите на Милков

Ако очекувавте од мене дека јас ќе бидам адвокат на комунистичкиот период, тоа нема да го добиете. Затоа што јас ниту ќе го пофалам тој период од мои причини, а нема ни да го критикувам како министер за надворешни работи, бидејќи претставувам граѓани кои имаат поинакво мислење и таа тема ќе ја оставам на историчарите, порача шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

472

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека нема да биде адвокат на комунистичкиот период, коментирајќи ја изјавата на неговиот бугарски колега Николај Милков дека нема да дозволи во Македонија да се врати црната традиција на палење, стрелање и насилство.

– Ако очекувавте од мене дека јас ќе бидам адвокат на комунистичкиот период, тоа нема да го добиете. Затоа што јас ниту ќе го пофалам тој период од мои причини, а нема ни да го критикувам како министер за надворешни работи, бидејќи претставувам граѓани кои имаат поинакво мислење и таа тема ќе ја оставам на историчарите – рече Османи.






Тој е категоричен дека политиката и историјата не треба да се мешаат.

– Политичарите никако не смеат да се мешаат во историјата. Комунистичкиот период нема да го коментирам ни овде во Скопје, ни во Софија, ни на некое друго место во светот – порача Османи.

Инаку, во неделата во Софија, откако го посети истепаниот охриѓанец во бугарската болница, министерот Милков изјави:

– Тука сум да кажам „не“ на враќањето на тие црни традиции кои што се врзуваат историски за Македонија, на палење, на стрелање, на насилство врз луѓе. За такво нешто нема место во Европа – кажа тогаш Милков.

Поврзани содржини