НЕМА БОМБИ ВО СКОПСКИТЕ УЧИЛИШТА Пријавите пак се лажни

65

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека четири училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира МВР.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

 






Во СВР Скопје денеска околу 14 часот е пријавено дека на мејловите на четири средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Станува збор за училиштата „Орце Николов”, „Никола Карев”, „Здравко Цветковски” и „Јосип Броз Тито”.

МВР завчера доби пријави од девет училишта на територија на главниот град дека на нивните електронски адреси добиле порака со закана за поставена бомби, а  по завршените антитерористички проверки беше утврдено дека станува збор за лажни пријави.

Девет училишта и минатата недела неколку дена по ред на нивните електронските адреси добиваа дојави за бомби, кои по проверката од страна на МВР се потврди дека се лажни.

Поврзани содржини