НЕМА БОМБА НИТУ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Полицијата ги заврши проверките, сите пријави се лажни

Од страна на МВР беше извршена проверка во претседателската резиденција, институции, училишта, хотели и згради во Скопје и едно училиште во Прилеп.

120

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по извршените проверки е констатирано дека станува збор за лажни пријави за наводно поставени експлозивни направи.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во Претседателската резиденција, институции, училишта, хотели и згради во Скопје и едно училиште во Прилеп, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.






Оттаму додаваат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Поврзани содржини