НЕМА БЕГАЊЕ ШТО И ДА ЈАДЕТЕ! Речиси сите протеини, месо, но и храна на растителна база, содржат микропластика

Речиси 90% од прехранбените производи содржат микропластика, според новата студија на истражувачите од Торонто, објавена во списанието Environmental Pollution.

963

Микропластиката е пронајдена во речиси 90 отсто од изворите на протеини, вклучувајќи месо и храна на растителна база, според новата студија која служи како изненадувачки потсетник за тоа колку е големо загадувањето со пластика.

Многумина од нас се запознаени со депресивната идеја дека рибите и морските плодови содржат микропластика поради загадувањето со пластика во океаните и морињата на нашата планета. Меѓутоа, со микропластичното загадување што се јавува во сите екосистеми на нашата планета, па дури и кај новороденчињата, можеби не е изненадување што не само рибата и морските плодови, туку и прехранбените производи од копнено потекло, како што се парчиња месо, како и вегетаријанските и веганските алтернативи, е утврдено дека сите содржат пластика.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини