НЕМА БЕГАЊЕ ОД ПРАВДАТА: Картонска макета на Грујо ќе ги одлежи казните кои му ги изрече судот

Сатирична вест на порталот Кооперација.

1,822

Генијалната идеја на тетовското СВР, кое на надвозникот над автопатот Скопје-Тетово постави макета од полицаец за да ја контролира брзината на возачите, ја инспирираше судската власт да го реши проблемот кој со години им го руши рејтингот и еднаш-засекогаш да го смести Груевски зад решетки.

 

Имено, по примерот на СВР Тетово, картонска макета на бившиот премиер веќе е на пат кон Идризово и многу набрзо ќе почне со отслужување на повеќе последователни казни, одредени од македонските судови.

 






– Ова нека им биде лекција на сите што мислат дека можат да избегаат од казната. Правдата е спора, но на еден или на друг начин, ќе ве стигне без разлика каде се криете. – изјавија од Министерството за правда, од каде и потекна идејата за затворањето на Груевски.

Поврзани содржини