НЕМА АКТИВНИ ПОЖАРИ Изгаснат е пожарот кај Раштански лозја
ЦУК утрово информира дека се изгаснати пожарите во општините Градско, Ресен, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и два пожара во Куманово.
Нема активни пожари во земјава, а 12 се изгаснати во изминатото деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Изгаснати се два пожара во општина Бутел и еден во општина Гази Баба. Десет пожарникари со три противпожарни возила синоќа од 18 до 21 часот го гаснеле пожарот на булевар Христијан Тодоровски – Карпош – Раштански лозја, каде гореше сува трева.
Пет пожарникари со едно противпожарно возило синоќа го гаснеле пожарот во општина Бутел, на улица Ферид Бајрам, каде горела сува трева.
Можеби ќе ве интересира
Изгаснат е пожарот во близина на автопат Скопје- Велес, каде гореше сува трева и дрва.
ЦУК утрово информира дека се изгаснати пожарите во општините Градско, Ресен, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и два пожара во Куманово.