Нелоски: Власта нема слух за барањата на камперите од езерото Треска
Нелоски забележа дека Град Скопје и Владата досега не презеле ништо да го решат прашањето со камперите.
Едно од решенијата за камп приколките покрај езерото Треска е да се идреди простор како корнер во општина Сарај каде што ќе останат овие камп приколки или пак владата и градот Скопје да најдат локација за нивно преместување, изјави по средбата со Одборот на кампери во езерото Треска претседателот на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.
Нелоски забележа дека Град Скопје и Владата досега не презеле ништо да го решат прашањето со камперите.
-За жал и општина Сарај и Градот Скопје, но и владата сѐ уште немаат слух за барањата на овие граѓани. Имено веќе неколку пати доставиле барања до Владата за средба со некој од претставниците од владата и разговар со проблемите со кои се соочуваат, но за жал сѐ уште нема никаква реакција.Ние како ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесовме иницијатива до градот Скопје каде што побаравме да се дискутира на оваа тематика на следната седница на Советот на град Скопје каде што ќе разговараме за ова тема и воедно ќе прашаме до каде е со реализација проектот за ревитализација на езерото Треска – рече Нелоски.
Тој информира и дека ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период и преку Собранието ќе се обиде да добие одговор од институциите и од Владата до каде се со решавање на проблемот.
– Ова е проблем кој што го имаат не само овие кампери туку и сите скопјани бидејќи претставува овој проблем една рак рана на градот Скопје бидејќи и самиот градоначалник Петре Шилегов имаше ветувања на локалните избори во 2018 година дека ќе направи ревитализација на езеро Треска.За жал денеска гледаме дека таму е планирано една цела бетонизација и одредени бизнис интереси. Го повикуваме и Петре Шилегов, но и владата и општина Сарај да направат нешто се со цел да се реши проблемот на овие луѓе – рече Нелоски.