Нелоски тврди дека ЕУ не сака да седи на иста маса со Заев

Нелоски посочи дека во денот кога Заев е во Брисел еден од најголемите турски криминалци објавил снимка каде кажува дека се дружеле во домашна атмосфера.

1,043

Македонија нема друга опција освен ЕУ, но датумот не е копче кое преку ноќ ќе ни го подобри животот. Во овој момент во Македонија имаме деградација на правосудниот систем, гледаме скандали, и по сите параметри за корупција и криминал тонеме, вели за Анализа 24, Владимир Нелоски претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Нелоски посочи дека во денот кога Заев е во Брисел еден од најголемите турски криминалци објавил снимка каде кажува дека се дружеле во домашна атмосфера.






– ЕУ едноставно не сака да седи на иста маса со партнер кој собира мафијаши и криминалци дома – нагласи Нелоски.

Тој додаде дека во овој момент не треба да се креваат надежите за оптимизам, за да не дојде до големо разочарување како што било селфито во авион дека сме добиле датум, а таков датум немаше, но и политичката ситуација во Бугарија не ветува дека ќе се реши проблемот кој се создаде со потпишување на Договорот, бидејќи власта кога ги потпишувала договорите со Бугарија и Грција велела дека се затворени сите прашања, а гледаме дека еден од тие договори извади нови прашања и блокади кои ни стојат на патот кон ЕУ.

Нелоски посочи дека друг проблем за државава е тоа што власта се однесува како да сме еднопартиски систем и го одбива кој било предлог за кој било закон од опозицијата.

– Кога власта не сака да разговара со опозицијата за прашања важни за граѓаните, тогаш опозицијата си има демократски алатки да им каже да се свестат. Опозицијата мора да биде вклучена во процесите. Ние како опозиција бараме какви било опции во Собранието за да има дискусија. Одбивањето на дискусија и амандмани од страна на власта личи како на еднопартиски систем и едноумие. Таму каде што се граѓаните и нивниот интерес под прашање ние ги поддржуваме тие решенија, но не може нашите предлози да бидат одбиени кои се за подобрување на законите – нагласи Нелоски.

Поврзани содржини