НЕЛИ ВЕЛЕВТЕ ДЕКА СЕ КРИМИНАЛЦИ И КОРУМПИРАНИ? Мицкоски за можното влегување на Алијанса во владата

Самите за себе признавате дека сте лажеле и дека единственото нешто за кое се грижете е да се дограбите на некаква функција и фотелја - рече Мицкоски во интервју за радио Лидер.

579

Доколку Алијанса за Албанците стане дел од владата на СДСМ и ДУИ, тогаш тоа е комплетно политичко скршнување од тезите кои беа кажувани изминатиот период – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за можното вклучување на Алијанса на Албанците во владината коалиција, за што денеска е закажана средба меѓу лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и лидерот на Алијанса Арбен Таравари.

– Ако вие како политичар ја обвинувате владата дека работи погрешно, коруптивно и криминално, ако велите дека оваа влада е виновна што многу Албанци ја напуштале државата, а подоцна станете дел од неа, тогаш тоа значи легитимирање на сите погрешни политики и единствено самите за себе признавате дека сте лажеле, односно не сте ја говореле вистината, и дека единственото нешто за кое се грижете е да се дограбите на некаква функција и фотелја – рече Мицкоски во интервју за радио Лидер.






Мицкоски смета дека ќе преовлада разумот кај Таравари и Алијанса за Албанците, но што и да одлучат за евентуален влез во владата на СДСМ и ДУИ тоа ќе биде нивна одлука.

На коментарот дека единствени политички партии во опозицијата ќе останат ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Левица, Мицкоски рече дека ова е доволна порака за граѓаните како да постапуваат за следните парламентарни избори, посочувајќи дека тој очекува политиките на владата да бидат девастирани од народот.

Поврзани содржини