🎥 НЕЛИ ФУРТАДО ИМ ОДГОВОРИ НА СИТЕ КОИ ГО КРИТИКУВААТ НЕЈЗИНИОТ НОВ ИЗГЛЕД Пејачката испрати од сцената порака што им ги затна устите на хејтерите

За славната пејачка со португалско потекло, Нели Фуртадо, последните денови нашироко се зборува, а сето тоа поради критиките на дел од јавноста за нејзиниот изглед.

107

Познатата 46-годишна пејачка со португалско потекло, Нели Фуртадо им се обрати на сите оние кои ја критикуваат поради нејзината нова, нагласена фигура, појавувајќи се на сцената во Манчестер во преголема, бела маица со принт од женско тело, создавајќи оптичка илузија за нејзината фигура. Имено, маицата прикажува жена во бел краток топ, со видлив градник и мини здолниште со голема тока „Whoa Nelly“.

Таа носи и впечатливи додатоци: неонски розови ракавици без прсти, црни мрежести чорапи, тиркизни чизми до колена, големи геометриски обетки и ѓердан со иста боја, а на лицето имала гламурозна шминка.






Оваа модна одлука на Нели Фуртадо беше одговор на лавината коментари на интернет што следеа по нејзината нова, нагласена фигура, но и продолжение на нејзината јавна борба за позитивен став кон телото.

@theglobetrotterguys

What a way to finish Manchester Pride! Nelly Furtado was amazing!

♬ original sound – Sion | LGBTQ+ Travel 🏳️‍🌈✈️

На почетокот на годината, Фуртадо откри дека никогаш не направила козметичка операција на лицето или телото, освен за забни навлаки и ја нагласила важноста на класичната рутина за убавина, природен изглед и љубов кон своето тело.

Преку објави и јавни настапи, Фуртадо порачала: „Изразете се слободно, славете ја вашата индивидуалност и знајте дека е во ред да го прифатите она што го гледате во огледалото, како и да сакате промена. Сите сме само симпатични суштества кои бараат прегратка“, поттикнувајќи ги на овој начин прифаќањето, самодовербата и автентичноста кај жените од сите генерации.

Погледнете како изгледаше Нели Фуртадо порано.

Поврзани содржини