НЕЛЕГАЛЕН ВЛЕЗ НА ПЕТМИНА КИНЕЗИ Мигрантите добија парична казна, депортација и забрана за влез
Од Основен суд Гевгелија на лицата им била изречена парична глоба и прекршочна санкција – протерување на странец од територијата на РСМ во траење од три години.
Граничната полиција приведе петмина кинески државјани долж границата со Грција. По проверка на нивните документи, полицијата увидела дека илегално ја минале границата.
Се работи за петмина кинески државјани на возраст од 31, 32, 34, 41 и 49 години.
„На 06.03.2024 во 15.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица во коритото на Сува Река ги пронашле Л.Х.(49), Т.Л.(34), В.Л.(32), Л.Х.(41) и Д.Ј.(31), сите од Народна Република Кина. По извршена проверка и контрола било констатирано дека лицата илегално влегле во државата“, се вели во соопштението од МВР.
Од Основен суд Гевгелија на лицата им била изречена парична глоба и прекршочна санкција – протерување на странец од територијата на РСМ во траење од три години.