НЕЛА МАНЧЕСКА ЈА ОДРЖА ПРВАТА ПРОБА НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА „Таа направи евровизиската сцена да изгледа магично утрово“
Младата пејачка ја одржа својата прва проба за детската Евровизија, каде што ја изведе песната „Miracle“, композиција со која годинава ќе нè претставува пред Европа.
Македонската претставничка на детската Евровизија, Нела Манческа, ја освои евровизиската публика уште на првиот чекор на големата сцена во Тбилиси, Грузија.
Младата пејачка ја одржа својата прва проба за детската Евровизија, каде што ја изведе песната „Miracle“, композиција со која годинава ќе нè претставува пред Европа.
Фотографиите и видеата од пробата покажуваат импресивна сценска визија: светлосни ефекти, бои што пулсираат со ритамот на песната и усогласена надворешност, со што нашата талентирана млада ѕвезда доби бројни пофалби уште пред почетокот на натпреварувачката вечер.
– Таа направи евровизиската сцена да изгледа магично утрово – пишува на официјалната Фејсбук страница на детската Евровизија.