Тешко повреден тракторист – На 09.09.2020 во 18.45 часот било пријавено дека регионален пат Валандово – Струмица, во близина на Валандовско брдо, трактор „ИМТ 529“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.Ч. (54) од село Костурино, струмичко, изгубил контрола и удрил во земјен брег покрај патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој е пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.
Повреден мотоциклист при судар со „тико“ – На 09.09.2020 околу 12.15 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Ресен се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тико” со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(69) од Ресен и мотоцикл „дукат” со прилепски регистарски ознаки, управуван од И.Г.(38) од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Ресен.
Тешко повредени тројца прилепчани – На 09.09.2020 во 16.45 часот на регионалниот пат Прилеп-Битола, во с.Ново Лагово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(31) од Прилеп, со совозач К.П.(28) од Прилеп и патничко возило „застава 128” со прилепски ознаки, управувано од П.С.(68) од с. Шелеверци, прилепско. Во незгодата сите лица се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Градска болница Прилеп за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.
Излетал од патот и завршил во болница – На 09.09.2020 во 07.34 часот било пријавено дека на локалниот пат во Кочани, место викано „Дабо“-с.Бели, патничко возило „фиат пунто“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.М.(40) од Кочани, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.Т.(25) од Кочани констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
Повреден мотоциклист во судар со автобус – На 09.09.2020 во 16.00 часот било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“ со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од Т.В.(33) од Пробиштип и автобус „санос“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.П.(54) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Нападната новинарка на протест – На 09.09.2020 во 18.30 часот, М.С. пријавила дека на ул.„Македонија“, каде се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговорала со едно од лицата кои учествувале на протестот, дошол А.И. (41) од Скопје и замавнувал со рацете, при што и го бутнал микрофонот. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Куче касна бабичка – На 09.08.2020 во 10.30 часот во Полициската станица Чаир, Ј.З.(72) од Скопје пријавила дека на бул.„Словенија“ била касната од куче скитник.
„Пајакот“ подигна 55 возила – Во текот на 09.09.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се две возила бидејќи биле нерегистрирани, тројца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач бидејќи управувал возило под дејство на алкохол, еден возач поради претовар, еден возачи поради неправилно престигнување и 55 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.