НЕКОЛКУ ИСТРАЖИТЕЛИ ОД АНБ ВО АПС Голема полициска акција по налог на Русковска

Неофицијално, еден од уапсените е истото лице кое било задолжено за оперативната обработка на бизнисменот Орце Камчев, врз основа на чиј извештај тој беше приведен за наводна намера за организирање на бегство.

8,370

Од попладнево е во тек голема полициска акција. Полицијата, постапувајќи по налог на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска уапси истражители на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) кои рекетирале познати скопски бизнисмени.

Плусинфо, повикувајќи се на Нетпрес, попладнево објави дека тие креирале фиктивни кривични пријави и со нив уценувале познати сопственици на компании.






Истражителите на обвинителството ја користеле својата позиција и линковите со АНБ за да бидат уценувани жртвите. Еден од бизнисмените настапил со обележани пари по што истражителот бил приведен во ресторан во скопската општина Карпош со 5 илјади евра поткуп.

Неофицијално, еден од уапсените е истото лице кое било задолжено за оперативната обработка на бизнисменот Орце Камчев, врз основа на чиј извештај тој беше приведен за наводна намера за организирање на бегство.

Обвинителката Рускоска бара да се запленат компјутерите на вклучените лица од АНБ.

Поврзани содржини