НЕКОИ УЧЕНИЦИ ТОА ГО РАЗБРАЛЕ КАКО ИГРА Да се разговара со децата за опасноста од списоци

Уште еднаш апелирам да не се крева паника од овој случај, туку максимално одговорно секој поединец, секој родител или старател да поразговара со своите деца. Мора да укажеме и да ја подигнеме свеста дека со „таа тема" нема играње“, порача градоначалникот на Центар.

667

Во однос на денешната информација во медимите поврзана со список, напишан од ученичка, со закани кон своите соученици, преземени се сите мерки од страна на училиштето, а и МВР постапува во однос на случајот, објави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Како што објави Плусинфо, список со закани за соученици се појавил во основно училиште на подрачје на Центар во Скопје, за што информираше и Министерството за внатрешни работи.






Гераисмовски вели дека вчера разговарал со директорката на училиштето, но и со сите директори на основните училишта во општината и било договорено од денеска преку наставниците интензивно да  комуницираат со родителите и со децата, предупредувајќи ги од последиците од ваквите постапки.

„Некои деца ги разбрале како игра или шега. Очекувам сите наставници, но, пред се, родителите да разговараат со своите деца и да им укажат колку е опасно да го користат овој немил настан, дури ни на шега, да не прават слични списоци или на кој било начин да си поигруваат со ужасната трагедија. Уште еднаш апелирам да не се крева паника од овој случај, туку максимално одговорно секој поединец, секој родител или старател да поразговара со своите деца. Мора да укажеме и да ја подигнеме свеста дека со „таа тема” нема играње“, порача градоначалникот на Центар.

Поврзани содржини