📷НЕКОИ ШВЕРЦУВААТ ДРОГА, А ДРУГИ… Девојка криумчарела 350 игри за „Нинтендо“, ги криела во градникот
Непозната патничка се обидела да прошверцува дури 350 игри за платформата „Нинтендо свич“ во континентална Кина, кои генијално ги сокрила во градник.
Од Кина, поточно од граничниот пункт Лиантанг (Гуангдонг), пристигнува една необична вест за комичен обид за шверц, пренесува порталот Томс хардвер.
Имено, непозната патничка се обидела да прошверцува дури 350 игри за платформата „Нинтендо свич“ во континентална Кина, кои генијално ги сокрила во градник. Но, дотичната очигледно не ја зела предвид посветеноста на цариниците кои лесно ги забележале нејзиното нервозно однесување и „невообичаено бујната предница“, па ја издвоиле за подетален преглед.
Покрај тоа што споменатите видеоигри (инаку вредни десетици илјади долари) се секако конфискувани, младата девојка најверојатно нема да заврши зад решетки. Наместо тоа, таа најверојатно ќе треба да плати само парична казна што нема да ја надмине трикратната сума на давачката што би требало да ја плати доколку не се обидела да ги прошверцува.
За жал, не се знае точно за кои игри на „Нинтендо свич“ станува збор.
홍콩에서 중국으로 입국하는 비행기에서 한 여성이 브래지어에 닌텐도 스위치 게임 350개를 밀수하다가 적발https://t.co/N8e5A0FLrd
– 금지된 품목이 아니므로 감옥은 안가고 벌금만낼 것 pic.twitter.com/NrxzkJOj5k— 데드캣 (@deadcatssociety) June 16, 2024