НЕКОИ ПОИНАКВИ ШКОЛИ Како изгледало школувањето на гладијаторите во Стариот Рим (ВИДЕО)
Тренинзите биле брутални и се работело на сила, брзина, стабилност, издржливост и повремени трикови.
Гладијаторските игри засекогаш го промениле сфаќањето за забава во Стариот Рим, но како изгледала школата и тренингот на гладијаторите, кои секојдневно се соочувале со екстремни услови.
Веднаш покрај Колосеумот во Рим, се наоѓале школите за гладијатори. Може сѐ уште да се видат одаите/ќелиите во кои тие живееле, тунелите преку кои ги воделе до арената, па тоа било доволно археолозите да визуелизираат како школата изгледала порано.
Покрај големата сала за вежбање се наоѓала куќа во која живееле основачите на школата (ланисти), а до неа биле сместени ќелиите за гладијаторите. Во центарот на дворот се наоѓала арената за тренинг.
Овде борците ја поминувале следната година од својот живот ако ги импресионирале ланистите, пишува Смитсонијан.
Неизвесно е дали школата за гладијатори се сметала како затвор или како целосно волонтерска. Секако, одреден степен на комфор бил обезбеден заедно со строгиот тренинг и обука.
Тренинзите биле брутални и се работело на сила, брзина, стабилност, издржливост и повремени трикови.