НЕКОИ ЕВРОПСКИ ПЕНЗИОНЕРИ ЗАШТЕДУВААТ 16.000 ЕВРА, ДРУГИ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ПОКРИЈАТ ТРОШОЦИТЕ Каде се тука македонските пензионери?

Анализата што ги споредува пензиите со трошоците за живот на крајот на октомври 2025 година покажува дека во Северна и Западна Европа, вклучувајќи ги и нордиските земји, пензиите генерално ги покриваат или ги надминуваат основните трошоци за живот. Во Централна Европа, покриеноста е умерена, додека во Источна Европа и на Балканот, пензиите обично покриваат само дел од трошоците.

96

Во 20 земји во Европа од анализирани 39, државните пензии не се доволни за покривање на трошоците за живот, покажува истражувањето на компанијата за плати и човечки ресурси Moorepay.

Резултатите би биле далеку полоши ако во пресметката на трошоците за живот се вклучи и киријата,  пишува Euronews.






Анализата што ги споредува пензиите со трошоците за живот на крајот на октомври 2025 година покажува дека во Северна и Западна Европа, вклучувајќи ги и нордиските земји, пензиите генерално ги покриваат или ги надминуваат основните трошоци за живот. Во Централна Европа, покриеноста е умерена, додека во Источна Европа и на Балканот, пензиите обично покриваат само дел од трошоците.

Соодносот се движи од само 22% во Грузија до дури 225% во Луксембург.

На врвот е Луксембург каде што просечната државна пензија изнесува 28.790 евра, додека трошоците за живот се проценуваат на 12.791 евра. Тоа им остава на пензионери вишок од речиси 16.000 евра.

Пензиите се повеќе од двојно поголеми од трошоците за живот во Италија (210%) и Финска (208%), а Шпанија (199%) и Данска (189%) се блиску до тоа ниво.

Во неколку други земји, пензиите значително ги надминуваат трошоците за живот, со сооднос помеѓу 150 и 180%.

Оваа група ги вклучува Исланд (179%), Норвешка (178%), Германија (176%), Белгија (170%), Австрија (165%), Франција (160%), Холандија (159%) и Шведска (158%).

Исто така, постојат шест земји каде што државните пензии ги покриваат основните трошоци на едно лице, но вишокот е многу помал.

Тоа се Швајцарија (131%), Ирска (126%), Обединетото Кралство (120%), Полска (112%), Чешка (108%) и Грција (103%).

Во дури 20 европски земји, државните пензии не се доволни за покривање на трошоците за живот.

Во некои од нив, како што се Словенија (95%), Словачка (94%), Естонија (91%) и Португалија (90%), пензиите покриваат поголем дел од трошоците. Во оваа група спаѓаат и Црна Гора (89%), Литванија (85%), Хрватска (82%) и Унгарија (81%).

Сепак, ситуацијата е многу потешка во други земји, каде што пензиите не покриваат ниту половина од трошоците.

На самото дно на рангирањето се Грузија (22%), Албанија (29%), Украина (29%) и Молдавија (42%).

Босна и Херцеговина (53%), Кипар (58%), Северна Македонија (61%), Турција (64%) и Латвија (65%) исто така имаат слаби резултати.

Податоците за трошоците за живот, собрани од Numbeo, го претставуваат националниот просек за едно лице и не ја вклучуваат киријата, додека податоците за пензиите доаѓаат од анализата на Moorepay.

Поврзани содржини