НЕКОИ ДРЖАВИ НЕМААТ КАПАЦИТЕТ ДА СЕ РАСПРАВААТ СО ЈАВНОСТА КОЈА Е ПРОТИВ ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Процесот може да остане заложник на овој факт

Новиот пристап за интеграција на Западен Балкан во ЕУ, не е повлекување од процесот за членство, туку е чекор кон отворена дебата и размислување, вели албанскиот премиер Еди Рама, кој заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ предложи земјите кандидати што ги исполнуваат условите да се приклучат на единствениот европски пазар и во Шенген зоната, наместо да бараат полноправно политичко членство.

0

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека заедничкиот текст, што со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна беше објавен во германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, во кој се предлага нов пристап за интеграција на Западен Балкан во Европската унија, не подразбира повлекување од процесот за членство во ЕУ.

– Тоа е чекор кон отворена дебата и размислување за членството на земјите од регионот во Европската Унија. Унијата и покрај своите цели за проширување, се соочува со внатрешни предизвици што го отежнуваат процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан – изјави Рама.






Тој оцени дека некои земји-членки немаат капацитет да се справат со најновите одлуки и убедливо „да се расправаат пред јавното мислење, што често покажува скептицизам кон проширувањето“.

– И постојано повторувам дека Европската Унија, земјите-членки на ЕУ, а особено некои од нив, немаат капацитет да се справат со последниот момент. Да излезат пред своите луѓе и да кажат дека ќе ги земеме другите земји. Овие земји мора да бидат подготвени, да се расправаат и да се справат со јавното мислење кое е против проширувањето. Она што може да се случи е сите земји да бидат подготвени, и одеднаш, 2-3 земји за кои се знае кои се, може нема да го најдат овој капацитет, што значи дека процесот може да остане заложник на овој факт. Плус, динамиката на ЕУ е многу непредвидлива поради внатрешната политичка динамика – посочи Рама.

Ова е прва реакција на Рама откако во заеднички авторски текст со  Вучиќ, нагласија дека не инсистираат на членство во Европската Унија, туку на прием на нивните земји во единствениот европски пазар и Шенген зоната.

„Многу Европејци се прашуваат дали ЕУ може ефикасно да функционира со значително повеќе членови, а загриженоста за донесувањето одлуки, институционалната рамнотежа и политичката кохезија е легитимна. Не сме наивни, тие аргументи имаат тежина“, пишуваат меѓу другото Рама и Вучиќ.

Затоа тие се залагаат за заобиколување на стапицата на вето со тоа што ќе им се дозволи на земјите кандидати што ги исполнуваат условите, барем засега, да се приклучат на единствениот европски пазар и во Шенген зоната, наместо да бараат полноправно политичко членство во ЕУ.

Поврзани содржини