НЕКОГАШНИОТ УБАВЕЦ ЌЕ ГЛУМИ МАЖ ОД 270 КИЛОГРАМИ: Со години се бори со вишокот, денес тешко ќе го препознаете
Брендан Фрејзер во Глазгов снима сцени за филмот „Batgirl“ во кој глуми негативец.
Американско-канадскиот актер Брендан Фрејзер снима сцени во Глазгов, Шкотска за филмот „Batgirl“ во кој го игра негативецот Firefly, психопат опседнат со подметнување пожари.
Актерот кој некогаш беше познат како секс-симбол во Холивуд и по кој лудуваа жените, сега има 53 години и е речиси непрепознатлив. Извајаните мускули што го красеа во филмовите „Џорџ од џунглата“ и „Мумија“ не постојат. Неговата долга коса е многу пократка, а почнала и да се проретчува.
View this post on Instagram
Актерот исто така долго време паузираше и со кариерата, па многумина беа изненадени од неговото враќање со филмот „The Sudden Move“, а во филмот „The Whale“ глуми човек тежок 270 килограми.
Фрејзер по големиот подем во Холивуд немаше многу среќен живот. Првите неколку години откако јавноста немаше можност да го види, ги помина обидувајќи се да се опорави од повредите што ги доби во текот на едно снимање. Инаку, актерот бројните тешки акциони сцени ги снимаше без помош на каскадер и тоа остави трага на неговото тело.
Меѓу другото, тој морал да направи ламинектомија, операција при која се отстранува дел од пршленот, а бидејќи не успеала од првиот пат, морал да ја повтори следната година. Потоа бил на операција на коленото, на уште една операција на грбот и на операција на гласните жици. Севкупно, седум години посетувал болници.
View this post on Instagram
Меѓутоа, здравствените проблеми не беа единственото нешто што го мачело. Тој откри дека доживеал голема траума кога бил сексуално злоставуван во летото 2003 година од влијателниот новинар Филип Берк.
„Со раката ме фати за задникот и со едниот прст го допираше моето меѓуножје. Ми се слоши. Се чувствував како мало дете, како да имам кнедла во грлото. Мислев дека ќе почнам да плачам“, рече тој во едно интервју.
По тој настан се повлекол во себе и, вели, се чувствувал депресивно и непожелно. Тој додаде дека му требало долго време да зборува за инцидентот: „Се плашев од понижување, но и дека тоа ќе ми ја уништи кариерата“. Покрај тоа, во 2007 година доживеа тежок развод од актерката Афтон Смит, со која беше во брак од 1998 година и со која има три деца, а тешко му паднала и смртта на мајка му во 2016 година.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм