Холивудскиот актер Мики Рурк (67), некогашниот секс-симбол, пристигна во Атина, Грција каде треба да снима нов филм „Божји човек“.
Рурк е снимен пред Акропол, историска знаменитост, во проѕирна, црна кошула од тантела, фармерки и каубојски чизми. Во друштво на филмската екипа, тој уживал во разгледувањето и со задоволство позирал пред фотографите.
Иако за три години ќе наполни 70 години, се труди да остане младолик. Актерот повеќепати призна дека отишол „под нож“ поради повредите здобиени во боксерските натпревари, но еднаш, според сопственото признание, отишол кај погрешен хирург и после тоа работите тргнале низбрдо.
Многумина го осудуваат за изгледот, дека со подложувањето на естетски операции си го упропастил лицето.
View this post on Instagram
Ο Μίκυ Ρουκ επισκέφθηκε την Ακρόπολη #asistgr#mikirourke#mickeyrourke#acropolis#holywoodstar
ФОТО: Инстаграм