Некогаш беше Мис на Југославија, доживеа семејна трагедија, а денес е непрепознатлива! ФОТО

4,333

Пејачката Андријана Дабетиќ Анчи беше популарна во 90-тите години, а нејзиниот музички подем започна во 1992 година. Меѓутоа, последниве години немавме можност да ја видиме во јавност.

Анчи беше позната и како Мис на Југославија во 1994 година. Таа снимила шест албуми, а потоа се повлекла од сцената.






Никогаш не сакала да открие кој е таткото на нејзиниот син Марко, а кога ја погодила трагедијата, зборуваше јавно за неа.

– Таткото на Марко загина во сообраќајна несреќа. Тоа беше ужасен период, кој не можев да го користам за појавување во весниците и досега не сум кажала на никого за тоа. Сигурна сум дека многумина таквите случувања во животот би искористиле за да се пишува за тоа и за да ги сожалуваат, но мене не ми беше до таков вид на експонирање. Ми беше многу тешко, еден месец практично не излегов од дома, но потоа се освестив и целосно му се посветив на мојот син, бидејќи не можев ништо да променам. Ми беше многу тешко поради Марко кој го загуби татка си, затоа што ќе има периоди во неговиот живот кога тој сигурно ќе му треба. Но, животот продолжува понатаму – рекла еднаш Анчи за „Свет“.

Анчи сега се појавила во „Гранд магазин“, а во коментарите на социјалните мрежи може се пронајдат следниве содржини: „Не ја препознав“, „Колку се променила“, „Друга личност“, „Какво деколте“ и слично.

ФОТО: Jutjub/mediji.net

 

Поврзани содржини