УКРАДЕНИ 300 МЕТРИ КАБЕЛ ОД МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ Сообраќањето е загрозено, штетата е околу 25.000 евра

Од Македонски железници за МИА изјавија дека е причинета голема материјална штета од околу 25 илјади евра и дека со кражбата на просторниот кабел се доведува во прашање безбедноста на железничкиот сообраќај.

76

Просторен кабел кој служи за регулирање на железничкиот сообраќај и СТ кабел за сигнализација и телефонија во должина од 300 метри се украдени на потегот од Маџари кон Скопје.

Од Македонски железници за МИА изјавија дека е причинета голема материјална штета од околу 25 илјади евра и дека со кражбата на просторниот кабел се доведува во прашање безбедноста на железничкиот сообраќај.






Кражбата е откриена синоќа при редовната обиколка на службите на Железници, а случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини