„НЕКОЈ САКА КУЧИЊА, МАЧКИ, ЈАС ОРУЖЈЕ“ Психијатарот кој позираше со оружје си поднесе оставка!

Ги споделив тие слики со реплики меѓу нас, а некои ги објавивме и на мрежите, бидејќи сме љубители на „ерсофт“ спортот. Некој друг сака да се слика додека уловил срна, зајак, било кој дивеч. Некој сака кучиња, мачки, автомобили, па се слика, а јас сакам оружје, додава докторот.

961

Д-р Горан Тојага поднесе оставка од функцијата началник на психијатрија во Општата болница во Лесковац, потврди за српски Курир директорот на оваа болница Небојша Димитријевиќ.

– Денеска поднесов оставка од функцијата началник. Ако Бранко Ружиќ може да ја си замине од функцијата министер, можам и јас да си заминам од функцијата началник. Се крена непотребна врева околу моите слики. Луѓето кои ме познаваат не можат да поверуваат што пишува за мене. Не згрешив ништо, само се сликав пред неколку години, по натпревар во игра, со пиштоли кои не беа вистински. Жал ми е што повеќе нема да бидам началник затоа што мислам дека добро го водев овој оддел. На колегите им е жал и сите се во шок. Длабоко ме потресе спомнувањето на моето име во медиумите и на мрежите кога зборував за масовното убиство на деца и одвратните коментари за фотографиите направени пред многу години и на кои сум со лажни пиштоли – вели докторот.






Тојага, кој себеси се нарекува Дон, се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи се појавија негови фотографии на кои тој позира со оружје за кое самиот тврди дека не се вистински.

– Ги споделив тие слики со реплики меѓу нас, а некои ги објавивме и на мрежите, бидејќи сме љубители на „ерсофт“ спортот. Некој друг сака да се слика додека уловил срна, зајак, било кој дивеч. Некој сака кучиња, мачки, автомобили, па се слика, а јас сакам оружје – додава докторот.

Поради ова, министерката за здравство Даница Грујичиќ веќе во петокот му нареди на директорот на лесковачката општа болница да преземе итни мерки во врска со фотографиите од социјалните мрежи на лекарот и началникот на Психијатриската служба, на кои тој се појавува со оружје.

– Докторот Тојага ме извести дека поднел оставка. Тој претходно ги избриша сите фотографии со оружје од социјалните мрежи. Повторувам, Тојага е еден од најдобрите стручњаци во својата област во Лесковац и многу посветен лекар и многу ми е жал што тоа му се случува при крајот на кариерата, бидејќи во октомври заминува во пензија – истакнува Димитријевиќ.

Тојага е на чело на Психијатрската служба од 2018 година. Фотографиите кои самиот Тојага ги објави на социјалните мрежи ја обиколија Србија и предизвикаа остри критики во јавноста и на социјалните мрежи.

НАЧАЛНИК НА ПСИХИЈАТРИЈА СЕ СЛИКАЛ КАКО СПЕЦИЈАЛЕЦ Србија е шокирана

Поврзани содржини