НЕКОЈ САБОТИРА ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ Загадочна изјава на министерот Оливер Спасовски

Не можат криминалците да го победат најголемото мнозинство во државата, напиша Спасовски на Фејсбук.

366

Секогаш има обиди некој да саботира полициски акции, ама верувајте дека МВР како институција и институциите кои работат во системот на спроведување на законот се тие кои го оневозможуваат тоа, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

– Секогаш постојат луѓе кои сакаат да бидат сојузници со криминал, нашата задача е да креираме систем кој ќе им се спротивстави. Не можат криминалците да го победат најголемото мнозинство во државата, напиша Спасовски на Фејсбук.






Во постот на Спасовски не се прецизира на какви саботажи мисли министерот за внатрешни работи.

Поврзани содржини