📷 НЕКОЈ ПЛАНИРАЛ ДА ПАЛИ 30 ГУМИ ПОД ЦАРЕВ ВРВ Службите спречија уште еден обид за подметнување пожар
Доколку не беше спречен, пожарот бргу би се проширил во блиската шума, вели директорот на ДЗС благодарејќи им на шумочуварите од Национални шуми за брзата реакција и апелирајќи до граѓаните да пријават вакви случаи доколку забележат сомнително однесување.
Спречен е уште еден обид за подметнување пожар, информираше директорот на Дирекцијата за заштита спасување Стојанче Ангелов. Шумочуварите од Национални Шуми на местото Алтн врв под Царев Врв нашле и отстранлиле повеќе од 30 нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми и суви борови стебла и гранки.
Доколку не беше спречен, пожарот бргу би се проширил во блиската шума, вели директорот на ДЗС благодарејќи им на шумочуварите од Национални шуми за брзата реакција и апелирајќи до граѓаните да пријават вакви случаи доколку забележат сомнително однесување.

Местото Алтн Врв се наоѓа на Осоговските Планини под Царев Врв кој е на 2.000 метри надморска височина. Во областа безмалку и да нема движење на луѓе.
„Апелираме до сите граѓани, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикање пожар надвор од населено место како што се гуми, даски, дрвени палети, пластични шишиња или туби со течност која наликува на бензин, итно да се јават на бројот 112 или да пријават во најблиската полициска станица или на било кој припадник на полицијата или друга безбедносна служба“, соопшти раководителот на Главниот штаб за управување со кризи во ДЗС, Ангелов.