СО ПИШТОЛ ПУКАЛ ВО ЗГРАДА – На 24 јули во 01.20 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(33) од Скопје, по претходна пријава на Д.И.(29) од Скопје дека неколку дена бил вознемируван од него и дека Н.М. со пиштол пукал кон станот на Д.И., но нема повредени. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мреки за расчистување на случајот.
ПОВРЕДЕНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ – На 23 јули околу 10.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека пред исклучокот за с.Лешок, тетовско, во објект во изградба на магистрален пат Тетово – с.Јажинце, додека Ш.Ш.(42) од с.Ѓермо и Д.Д.(27) од с.Радиовце, општина Брвеница изведувале градежни работи во фирма сопственост на П.Б.(70) од Тетово, се здобиле со повреди. По незгодата лицата биле пренесени во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МОТОЦИКЛИСТ СЕ ЗАБИЛ ВО СТОЛБ – Ноќеска во 00.30 часот на булеварот „8-ми Септември“ во Скопје мотоцикл „дукат“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(43) од Скопје, изгубил контрола и удрил во метален столб. По незгодата, Р.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тeшки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Штип.
ВОЗАЧИ БЕЗ ВОЗАЧКА, ВОЗИЛА БЕЗ РЕГИСТРАЦИЈА – Вчера на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се три возила бидејќи биле нерегистрирани и три возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, а 41 возило е подигнато со специјално возило „пајак”.
ПОЛНИ ЏЕБОВИ МАРИХУАНА – На 24 јули во 00.40 часот и 06.25 часот во населба Радишани, Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.К.(32) од с.Чучер Сандево и Б.Р.(22) од Скопје, бидејќи кај С.К. била пронајдена марихуана, додека по издадена судска наредба, во домот на Б.Р. биле пронајдени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.
(Дел од Билтенот на МВР од 24.07.2020)